Катица Јанева дојде во СЈО со службено возило
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која даде оставка на функцијата, денеска се појави во Специјалното јавно обвинителство откако со службеното возило беше доведена и влезе низ гаражните простории.
Иако нема официјални информации зошто Јанева е дојдена во СЈО, таа ќе се сретне со останатите колеги од обвинителството и дали го прекинала боледувањето кое и е отворено од почетокот на минатата недела.
Јанева од тогаш не е достапна за јавноста и до сега нема дадено изјава за медиуми по отворањето на случајот „Рекет“ поради што и беше одземен телефонот и даден на вештачење. Во меѓувреме беше објавено дека одмора во родната Гевгелија, а излегоа и фотографии од нејзината посета на фризер.
Јавното обвинителство соопшти дека вчера бил пронајден и одземен и вториот нејзин телефон за кој се тврдеше дека е загубен. Пронајден е кај лице кое изјавило дека му бил даден на подарок.
Во моментов голем број на медиумски екипи ја чекаат пред СЈО за да ја даде својата прва изјава за аферата.