Катица го чека на распит, Груевски „летнал“ на кратко патување
И додека СЈО денеска очекуваше екс премиерот Никола Груевски да се појави на распит за случајот „Талир“ во кој лидерот на ВМРО ДПМНЕ е прв осомничен, дел од медиумите пишуваат дека тој е на кратко патување со семејството надвор од државата.
Колку е вистина ова тврдење не сакаше да открие ниту Иво Котевски по завршувањето на неговиот распит, а медиуми блиски до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ објавија дека тој се наоѓа на кусо патување надвор од државата со сопругата Боркица и децата, без да прецизираат каде.
„Како што дознаваме, оваа година се навршија 10 години од нивниот брак, и веројатно ова кусо патување ќе биде мала компензација на Груевски за постојаното отсуство во семејството изминатиот период“, пишува во текстот на порталот „Вистина“, потоа пренесен неколку пати од порталите блиски до Груевски.
