„КАТИЦА Е ХЕРОИНА НА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ОГЛЕДААТ МНОГУМИНА“: Михаилов за повредената колешка и жртвата на вработените во претпријатието
Денеска заедно со Сашо Стошевски , директорот на општата болница во Куманово ја посетивме нашата колешка Катица, директорката на шумското стопанство во Куманово која вчера при гаснење на пожарите во општина Старо Нагоричане во близина на селото Длабочица, беше повредена при што итно беше хоспитализирана и подложена на тешка операција.
Благодарение на целиот персонал на Кумановската болница, операцијата поминала во најдобар ред и Катица е добра.
Ова го објави заменик директорот на „Македонски шуми“, Кире Михаилов кој колешката ја нарече хероина.
- Она кое што морам да го напишам е дека за мене, нашата колешка Катица, не само што е самохрана мајка и директорка на шумското во Куманово, не само што е моја прекрасна колешка, за мене Катица е хероина на која треба да се огледаат многумина.
За мене лично, ако илинденците на крајот на 19-от век, а партизаните на средината на 20-от век се хероите во нашата историја, ваквите како Катица се хероите на почетокот на 21 век.
Тие херои се луѓето кои на било кој начин ги жртвуваат својот мир и спокој, луѓето кои ги жртвуваат своето здравје и живот за доброто на Македонија и сите нејзини граѓани - напиша Михаилов.
Тој потоа посочи дека се надева оти објавената фотографија ќе остане во мислите на сите „кои намерно или ненамерно ќе запалат оган и ќе предизвикаат пожар“.
- Оваа слика нека биде поттик за она кое не треба за се прави, а уште поголем поттик поради тоа што недај Боже може да се случи.
Колеги, Вашата храброст најчесто се граничи со лудост - напишав пред некој ден, а сега повторно гласно ги повторувам тие зборови кои се однесуваат не само на Катица, туку на сите наши колеги од ЈП „Македонски шуми".
Тоа се зборови кои се однесуваат и на сите колеги од противпожарните единици, за сите колеги од МВР и шумската полиција, тоа се зборови кои се однесуваат за сите вработени во било која од институциите, доброволци и граѓани кои на било кој начин учествуваат во справување со овие и сите непогоди кои и се закануваат на нашата татковина и нашите сограѓани.
Со помин и побрзо оздравување Катица! - напиша заменик директорот.
Слично
