Катерина Зајковска е новата антикорупционерка
Собраниската комисија за избори и именувања дeнеска гласаше Катерина Зајковска да биде нов член на Антикорупциската комисија.
Претседателот Ѓорѓи Сајковски кажа дека таа била меѓу петте кандидати кои ги исполнувале условите и освоила најмногу бодови по интервјуата во Собранието.
Зајковска доаѓа на местото на Цвета Ристовска, која поднесе оставка по скандалот со финансирањето на партиите за претседателските избори.
Слично
