„КАТЕРИНА СЕ ОТКАЖА ОД СВОЈОТ ТРАНСФЕР ВО ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ, ЗА ДА СЕ ПОСВЕТИ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ“: Клековски со убави зборови за новата директорка на кочанската болница
Убави зборови пристигнуваат за новоименуваната директорка на болницата во Кочани, Катерина Мирчовска, од страна на директорот за Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
„Силно лидерство за болницата во Кочани! Вчера за директорка на Општата болница Кочани е именувана Катерина Мирчовска, хирург. Веста помина штуро, со појаснување дека тоа е на барање на повредените од трагедијата за Кочани.
Катерина ја запознав низ работата за повредените од трагедијата во Кочани. Импресионира на прв впечаток. Полна со енергија, посветена, професионална, со големо срце, ги знае во детали сите најразлични потреби на повредените. Катерина се откажа од својот трансфер во ГОБ 8 септември Скопје за да се посвети на повредените. Катерина е најдобар можен избор за водење на болницата во периодот на опоравување на повредените и ветува силно лидерство за болницата во овој критичен период.
Честитки и целосна поддршка за Катерина!“, напиша тој на социјалните мрежи.
