Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАСТРИОТ РЕЏЕПИ ВЧЕРА ЦЕЛ ДЕН БИЛ КАЈ ПРИЈАТЕЛ: Денеска своеволно се пријавил во полиција

КАСТРИОТ РЕЏЕПИ ВЧЕРА ЦЕЛ ДЕН БИЛ КАЈ ПРИЈАТЕЛ: Денеска своеволно се пријавил во полиција

Пратеникот Кастриот Реџепи кој вчера не се појави на собраниската седница на која требаше да се гласа доверба на Владата, а кој опозицијата го прогласи за киднапиран, односно исчезнат, и случајот го пријави во полиција, предмалку сам дојде во полициска станица, информираат од МВР.

-Во врска со вчера (11.11.2021) добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзано со собраниската седница“, соопштија од МВР.


Слично

Поврзани вести