Кастриот Реџепи по средбата со Заев денеска беше во МНР кај Османи: Подготвува иницијатива
Пратеникот Кастриот Реџепи по вчерашната средба со премиерот Зоран Заев, денеска беше во Министерството за надворешни работи на средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Пратеникот кој се одметна од мнозинството кое имаше намера да изгласа недоверба на Владата вели дека поднел иницијатива во Собранието за, како што вели, обединување на прогресивните сили, пред Самитот на ЕУ.
„Согласно моите најнови политички одлуки и активности, сакам да ве информирам дека одлучив да покренам неформална политичка иницијатива во Собранието на Република Северна Македонија - ЕВРОПА 21 - за обединување на прогресивните сили во насока на на евро-атлантската перспектива на земјата, особено во пресрет на претстојниот европски самит на Унијата.
Веќе го направив првиот чекор, а по вчерашната средба со премиерот Заев, на моја иницијатива денеска имав продуктивна средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на која се запознав за сите процеси на надворешнополитичко поврзување и европската интеграција на земјата. Како што очекував, добив силна потврда за големиот број активности кои се преземаат од нашата страна, но и од нашите меѓународни пријатели за деблокирање на овој процес, активности во кои целосно верувам и затоа ќе го вложам целиот мој политички капацитет.
Сакам да ги повикам сите прогресивни сили, особено пратениците во парламентот за кои знам дека го делат овој политички став, но моментално се блокирани од нивните политички лидери, да ми се придружат и да се обединат за да може нашиот политички став да добие ефективно реализирање“, напиша Реџепи на
