Кастриот Реџепи е убеден дека Македонија до крајот на јануари ќе ја стартува европската приказна
Пратеникот Кастриот Реџепи е убеден дека Македонија до крајот на јануари ќе ја стартува европската приказна.
Тој верува дека ова е значаен момент за земјата.
„Сме многу блиску да се надминат пречките и започнеме разговори. Имаме информации и од претставници на државите од Европската унија, од САД, но исто така и од Владата. Бевме брифирани од премиерот за време на координацијата на партнерите на мнозинството кадешто беше кажано дека веќе испратен е документот како одговори на барањата за дообјаснување на некои точки кои беа пречка“, рече Реџепи во изјава за Сител.
Но, засега Бугарија не го менува ставот за старт на македонските преговори со Европската Унија(ЕУ).
Слично
