Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАШЕСТ СНЕГ НА КОЛОВОЗИТЕ: На овие патни правци има забрани, возете внимателно

КАШЕСТ СНЕГ НА КОЛОВОЗИТЕ: На овие патни правци има забрани, возете внимателно

Влажни коловози и остатоци од кашест снег . Ваква е моменталната состојба на патиштата во државата по вчерашните снежни врнежи.

 Поради појава на магла видливоста е намалена од 15 до 20 м на Попова Шапка а не заборавајте ја законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година. 

Од АМСМ информираат за следниве забрани за сообраќај:

-На 26.02.2018 година од 04:00 часот на магистралниот пат „Крива Паланка - Деве Баир“, поточно на излезот од градот, воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила.

-На 26.02.2018 година од 03:00 часот на регионалниот пат „Валандово - Дојран“ кај крстосница Фурка, воведена е забрана за сообраќај на тешко товарно возило поради попреченост на товарно моторно возило.

-На 26.02.2018 година од 00:45 часот на регионалниот пат „Македонски Брод - Прилеп“ на планинскиот превој „ Барбарос“ воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила.

-На 25.02.2018 година од 20:25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.

-На 25.02.2018 година од 20:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

-На 25.02.2018 година од 18:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Буково.

-На 25.02.2018 година од 17:30 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Стража.

-На 25.02.2018 година од 16:55 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин Пресека.

-На 25.02.2018 година од 16:00 часот, поради врнежи од снег, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.

-На 25.02.2018 година од 13:20 часот на патниот правец Маврово – Дебар воведена е забрана за движење на тешки товарни возила. 

Доколку тргнувате на пат, возете внимателно.

Слично

Поврзани вести