Економија, финансии, бизнис

Контакт

Касами затекнал 350 хонорарци во Општина Тетово за кои не се знае што работат

Касами затекнал 350 хонорарци во Општина Тетово за кои не се знае што работат

Новиот градоначалник на Тетово, Билал Касами, по првичната анализа на работењето на општината под водство на претходничката Теиута Арифи констатирал дека има повеќе хонорарци отколку редовно вработени кои немале опис на работни задачи.

Ќе се постапува со преглед на договори на дело според кои општината исплаќала хонорари на луѓе меѓу кои има и такви кои не оделе на работа. Станува збор за вкупно 350 хонорарци, додека редовно вработени имало 340.

 -Мое решение е сите договори да се прекинат и службите прават анализи дали тие договори се реализирани и дали плаќањата по тие договори се согласно закон. За се што е платено спротивно на законот ќе побарам тие средства да се вратат во буџетот на општината. Сите договори се до 31.12. Во моментот додека не се прекинати тие договори тие што одат на работа, одат. Тие што не одат за нив веќе има посебен извештај од администрацијата. Има над 350 договори на дело на определено време за кои не знаеме што работи вршеле за потребите на општината.  Испаѓа дека повеќе се исплаќало за договор на дело затоа што редовно вработени се 340 лица, а над 350 има со договор на дело, рече лидерот на „Беса“.

Касами денеска го претстави својот план за работа во првите 100 дена од доаѓањето на градоначалничката позиција.


Слично

Поврзани вести