Касами во САД по коалицирањето на БЕСА со СДСМ: ДУИ оди во опозиција
Движењето Беса влезе во коалиција со СДСМ во корист на Албанците во оваа земја и за евроатлантската иднина на сите жители на земјата, рече Билал Касами во интервју за албанскиот „Гласот на Америка“ додека е во посета на САД.
Во моментов лидерот на БЕСА, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, смета дека албанските граѓани ќе имаат поголема корист од оваа коалиција отколку самата БЕСА што ќе има политичка придобивка.
Касами смета дека ДУИ конечно ќе оди во опозиција откако оваа коалиција, како што рече тој, ќе биде победник на изборите на 12 април и ќе го добие потребното мнозинство од 61 пратеник.
- Оваа коалиција меѓу СДСМ и Беса ќе создаде поумерена клима. Ние цениме дека оваа коалиција ќе биде коалиција што ќе направи разлика помеѓу многу проблематично минато меѓу двете мнозински заедници, Албанците и Македонците, и иднина што ќе биде многу порелаксирачка кога ќе се зборува за прашања од заеднички интерес за двете заедници, изјави меѓудругото Касами за Гласот на Америка.
Освен тоа, тој додаде дека оваа, како што ја нарече, „евроатлантска“ коалиција, за разлика од проблематичното минатото, ќе донесе една порелаксирана иднина.
Слично
