Касами верува дека видеото на Кастриот е направено под присила, има и еден факт кој говори за тоа
Претседателот на БЕСА, Билал Касами, вечерва пред Собранието изјави дека се убедени дека видеото од нивниот пратеник Кастриот Реџепи е направено под присила.
„Ако пратеникот бил слободен, доброволно и на некоја позиција, требало да не информира органите на редот и мене да ми кажат дека да, знаеме каде е пратенико“, вели Касами.
Касами додава дека видеото е снимено под присила и за тоа говори фактот што е направено во моментот кога тој оди во полиција да го пријави пратеникот за исчезнат.
Денес треба да се гласа за доверба на Владата.
Слично
