Касами вели дека неговата изјава за гласањето во Кичево е погрешно протолкувана
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами вели дека претходната изјава за вториот круг oд изборите во Кичево е извадена од контекст и погрешно интерпретирана.
„Треба да се има предвид контекстот и медиумот во кој беше дадена изјавата, како и околностите во кои потоа беше пренесена. Со тоа целосно се извади од нејзината првична идеја“, изјави Касами.
Тој појасни дека изјавата е дадена во момент кога, според него, политичките опоненти се обидувале максимално да ја отворат етничката карта во изборниот процес.
„Изјавата, во моментот кога беше дадена, беше во контекст на тоа што нашите политички опоненти во овие избори се обидоа максимално да ја отворат етничката карта. Целата таа изјава, би рекол, беше искрена, но политички беше погрешно протолкувана“, нагласи тој.
Во вториот круг, кичевчани ќе бираат меѓу Фатмир Дехари од ДУИ и Александар Јованоски од ВМРО-ДПМНЕ.foto Facebook/Bilal Kasami
