Касами: Утре ќе го свикаме Централното собрание за да ја процениме нашата позиција во Владата
Лично, мислам дека капацитетот на Движењето Беса во ВЛЕН и во Владата е многу поголем од она што досега го покажавме, изјави лидерот на Движењето Беса, Билал Касами во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Тој додаде дека Централното собрание на партијата ќе се состане утре за да одлучи за кадровските прашања и позиционирањето на партијата.
„Не можам да кажам дека сме целосно задоволни, бидејќи секогаш е потребна поголема посветеност од сите ресори што ги водиме“, вели Касами.Кажа дека направиле анализи за силните и слабите страни на Беса во ВЛЕН и во Владата.
Слично
