Касами тврди дека Теута потрошила над 1 милиони евра за договори на дело
Во ек на изборна кампања партиите редат обвинувања. И додека владеачката СДСМ и опозициската ВМРО ДПМНЕ се препукуваат, „подолу“ не се ниту партиите од албанскиот блок.
Лидерот на БЕСА овој пат прстот го впери во опонентката - градоначалничка на Тетово.
Билал Касами кој со Теута Арифи ќе ги крши копјата за општинската фотелја на Тетово вели дека Арифи направила големи општински злоупотреби и троши општински пари за лични интереси.
„Теута Арифи продолжува да го прави она што го знае најдобро – да троши од буџетот на општината за луѓе кои вршат лични услуги за нејзе, преку користење на буџетска линија „договор на дело“, обвинува Касами кој повикувајќи се на информации вели дека 113,6 милиони денари биле потрошени на договори на дело (1 милион 830 илјади евра).
Претседателот на Движењето БЕСА вели дека неговиот ривал Арифи прави двојна повреда, не само злоупотреба на буџетот на општината, но, исто така, го прекрши изборниот законик со злоупотреба на општински средства, како и прикажување тенденција да се корумпираат луѓе и да се купуваат гласови.
