Касами: Требаше да ја редефинираме Македонија, а не власта на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ
Билал Касами лидерот на движењето БЕСА објасни зошто нема да бидат дел од новата влада во која ќе учествува и ДУИ.
- Зошто ние треба секоја година Македонија да ја градиме од почетокот и да се занимаваме со прашање уште од пред 25 години, особено за прашањата на односите меѓу етничките заедници. Повеќе од 2 децении Македонија се гради само по логиката на македонскиот народ, а другите етникуми треба да бидат асистенти и затоа секогаш албанските вазали во коалициите ги контролирале само своите Албанци.
Касами говореше за потребите од редефинирање на Република Македонија, а не за редефинирање на власта на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ бидејќи власта досега се злоупотребувала само за вработување на партиски војници, без суштински реформи и враќање на достоинството на Албанците, но и на сите граѓани. Тој рече дека е лидер на партија и нема никаква желба за политичка волја ако нема вистински реформи.
Сепак, Касами има верба дека новиот мандатор ќе формира влада во интерес на сите граѓани и затоа го помогнале процесот на рушење на режимот кога земале и масовно учество во протестите.
Автор: Христијан Станоевиќ