Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАСАМИ: Tаравари ќе биде во Владата уште некој ден

КАСАМИ: Tаравари ќе биде во Владата уште некој ден

Тетовскиот градоначалник Билал Касами вели дека Арбен Tаравари ќе биде во Владата уште некој ден. Според него, во наредните денови ќе има конкретни активности од страна на премиерот Христијан Мицкоски во таа насока. Касами повтори дека во владата, нема место за ДУИ, пренесува Алсат ТВ.

„Ќе видиме до кога, уште некој ден. Се договоривме за тајмингот на активностите кои ќе треба да се преземат во наредните денови, но она што е важно и она што го кажавме, нема соработка со ДУИ и Владата. Ова го договоривме со премиерот и, се разбира, ќе има конкретни активности во наредните денови“, рече Касами.

Таравари деновиве беше на средба со премиерот. Тој претходно кажа дека телефонски се слушал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети по што почнаа реакциите од другите партии. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести