Економија, финансии, бизнис

Контакт

Касами: СЈО треба ги процесуира сите случаи за оние кои се осомничени

Касами: СЈО треба ги процесуира сите случаи за оние кои се осомничени

Ние нема да учествуваме во Влада со луѓе кои се под истрага на СЈО, изјави синоќа лидерот на БЕСА, Билал Касами во емисијата Клик Плус.

Тој вели дека СЈО треба ги процесуира сите случаи за оние кои се осомничени дека сториле кривични дела . Од БЕСА ова и претходно го кажаа и остануваат на истиот став. 

„Политички барања на партијата ќе се реализираат во рамките на Уставот на Република Македонија. Тие се однесуваат за унапредување на правата на граѓаните. Ова имплицира редефинирање на Македонија” - вели  Касами.

Вели дека на средбата што се одржа вчера со лидерот на СДСМ, Зоран Заев не дискутирале дали партијата ќе учествува во Владата. Тоа ќе се утврди по составувањето на владината програма.

Слично

Поврзани вести