Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАСАМИ СЕ СОМНЕВА ДЕКА РЕЏЕПИ Е ПРИСИЛЕН: Се додека не го видам не верувам, овој режим е подготвен на се

КАСАМИ СЕ СОМНЕВА ДЕКА РЕЏЕПИ Е ПРИСИЛЕН: Се додека не го видам не верувам, овој режим е подготвен на се

Движењето Беса e на ставот дека треба да падне овој режим. Последнитe случувања со Кастриот Реџепи покажуваат дека оваа Влада е спремна на се. Се сомневам дека тој против својата волја го има декларирано тоа што го кажа, изјави попладнево пред Собранието, Билал Касами, претседател на Беса. Пратеникот Реџепи кој е дел од ова Движење утрово не се појави во собраниската сала, не се јавуваше на телефон и потоа на фејсбук објави дека нема да учествува денеска на седницата на која требаше да се гласа довербата на Владата. Касами се сомнева дека тој против своја волја го прави ова, затоа што до вчера не споменал ништо.

„Од вчера ни е последната комуникација. Денеска го немам контактирано. Вчера беше мојата последна комуникација и според целиот амбиент тој беше во рамки на договореното. Се додека тој не излезе и каже дека овој став е негов и нема присилба, јас како претседател на Беса имам право да се сомневам дека тој некако без своја волја се држи некаде и не може да дојде, рече Касами.

На прашањето дали ќе гоисклучат од партијата рече дека ако с епотврди дека доброволно се однесува вака, ќе се преземат мерки. Прашан дали ќе преговараат со други пратеници, Касами изјави.

„Во моментот е важно здравјето на пратеникот, да имаме комуникација па после ќе с евидат другите опции, рече Касами.


Слично

Поврзани вести