Економија, финансии, бизнис

Контакт

Касами пријави во полиција дека Кастриот Реџепи исчезнал

Касами пријави во полиција дека Кастриот Реџепи исчезнал

Лидерот на БЕСА, Билал Касами,  пријавил во полиција дека нивниот пратеник Кастриот Реџепи и неговото семејство се исчезнати. 

Тој  ги повика властите да го најдат каде е и да објаснат зошто 24 часа не е достапен.

„Не се работи за власт и опозицијата, се работи за животот на луѓе. Значи, човекот, пратеник со имунитет и неговото најблиско семејство. Затоа повикувам до премиерот и до сите власти да најдат каде е пратеникот и да објаснат зошто пратеник на Собранието на Северна Македонија 24 часа не е достапен и не е слободен да се движи согласно тоа што му го обезбедува Уставот и Законот“, изјави Касами. 

Реџепи потоа се јави со видео на социјалните мрежи и кажа дека е добро. Тој рече дека не сакал да гласа за уривање на Владата. 

Слично

Поврзани вести