Економија, финансии, бизнис

Контакт

KAСАМИ ПОВИКУВА ДА СЕ ПРИЛАГОДИМЕ НА РЕАЛНОСТА: Да се интонира и албанската химна во училиштата

KAСАМИ ПОВИКУВА ДА СЕ ПРИЛАГОДИМЕ НА РЕАЛНОСТА: Да се интонира и албанската химна во училиштата

Да се интонира и албанската химна во училиштата ако веќе се интонира државната, вели тетовскиот градоначалник, Билал Касами. 

Касами рече дека додека се пее македонската химна во училиштата, мора да се почитува албанското мнозинство и да се пее и албанската химна.

„Македонија е мултиетничко и мултикултурно општество. Сè додека државната химна го повикува само македонскиот народ, сега знаеме дека името на земјата е Северна Македонија, ние треба да се прилагодиме на реалноста. Ние не сме координирани со другите партии, од позиција на градоначалник на Тетово, мојот личен став е: додека сè носи законска одлука ние ќе ја почитуваме. Ако се интонира државната химна која се повикува на македонскиот народ, да се интонира и албанската химна, односно тоа што го чувствуваат Албанците како свое“, изјави градоначалникот.

Во општините Аеродром и Гази Баба секој прв понеделник во месецот, наставата почнува со интонирање на државната химна. 

Слично

Поврзани вести