Касами по поплавите: Општина Тетово не беше подготвена за вакви ситуации
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами во изјава за ТВ21 рече дека општината не е подготвена за ситуации како што се денешните поплави.
Касами рече дека многу порано биле забележани неправилности во канализацијата.
„Состојбата на терен покажува дека општината воопшто не била подготвена за вакви ситуации. Уште еднаш кажувам дека состојбите се констатирани многу порано од страна на УНДП, особено во однос на атмосферската канализација, но не е интервенирано“, рече Касами.
Градоначалникот на Тетово увери дека ќе им помогне на граѓаните.
„Сега во ситуацијата во која финансиски се наоѓа општината, немаме никаква погодност да интервенираме по потреба во моментот кога треба да се интервенира, но ќе најдеме начин да им помогнеме на граѓаните“, рече Касами.
Слично
