Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Oткако премиерот Христијан Мицкоски вчера кажа дека со Вреди разговараат за промена на државниот грб, Билал Касами од БЕСА вели дека и химната треба да се менува. 

Toj вели дека и албанскиот јазик треба да влезе во Уставот. 

„Сакаме да го отсликаме новото време, а тоа е Македонија да биде дел од европското семејство. Ќе бевме подготвени да разговараме за пакет каде што секако ќе се разгледуваше грбот, прашањето за химната, но и прашањето за другите уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во Уставот, како јазик на 20 отсто“, Касами.

Лидерот на СДСМ,  Венко Филипче изјави дека не гледа потреба од менување на грбот бидејќи ја одразува државата во целост, но исто така и јавно праша што доколку во овој пакет на преговори влегува и промената на химната и други барања за кои како што рече не би дале поддршка.

фото Фејсбук/Билал Касами

Слично

Поврзани вести