Економија, финансии, бизнис

Контакт

Касами на Рикер во САД му рекол дека коалицијата СДСМ-Беса е победничка

Касами на Рикер во САД му рекол дека коалицијата СДСМ-Беса е победничка

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, партија која е во предизборна коалиција со СДСМ за изборите на 12 април, кој е во посета на САД, се сретна со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија и поранешен американски амбасадор во земјава, Филип Рикер.

„Се сретнав со амбасадорот Филип Рикер во Стејт департментот, каде имавме многу плоден разговор за случувањата во Северна Македонија. Го информиравме амбасадорот за последните случувања и за коалицијата СДСМ-Беса како победничка коалиција. Имаше позитивна оценка од амбасадорот и сите дипломати овде во САД за оваа коалиција, која е коалиција за иднината на Северна Македонија“, вели Касами во видео изјавата објавена на неговиот профил во Фејсбук.

Слично

Поврзани вести