Касами на лидерска дојде со луксузен автомобил, тој објасни чие е возилото
На вчерашната лидерска средба која се одржа во Скопје, интерес предизвикаа возилата со кои пристигнаа партиските лидери.
Меѓу нив најмногу се истакнуваше големото црно БМВ серија 7 со кое пристигна Билал Касами, претседателот на Движењето БЕСА.
„Прво, сакам да разјаснам на јавноста дека автомобилот со кој пристигнав вчера не е моја сопственост, и покрај шпекулациите што кружеа во медиумите и социјалните мрежи. Toj автомобил беше користен привремено, бидејќи службениот автомобил моментално е на поправка. Мојот личен имот редовно се пријавува и е достапен за јавноста, во согласност со законот. Ја разбирам чувствителноста на јавноста кон овие прашања, особено во време кога граѓаните се соочуваат со економски тешкотии. За мене, средствата и материјалните работи не се од суштинско значење. Она што е од суштинско значење се одговорноста, работата и резултатите во служба на граѓаните“, се вели во изјавата испратена од Службата за информирање на БЕСА, пренесува СДК.
Според ценовникот на увозникот возилото чини најмалку 132.000 евра, па тоа предизвика интерес кај јавноста, дали е негово, од партијата или само го позајмил за оваа средба.
