Економија, финансии, бизнис

Контакт

Касами: Луксузното БМВ е на братучед ми, јас немам мој автомобил

Касами: Луксузното БМВ е на братучед ми, јас немам мој автомобил

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 се извини што се појави со луксузно БМВ на лидерската средба одржана пред еден месец. Касами нагласи дека нема личен автомобил и дека моментално го вози автомобилот на своите родители.

- Се извинувам ако некој од граѓаните се почувствувал навреден, рече Билал Касами, меѓу другото, во емисијата Клик Плус на ТВ21 во врска со коментарите во јавноста откако се појави во луксузно БМВ, најновиот модел од серијата 7, на лидерската средба. 

Касами рече дека автомобилот е на негов братучед и дека го користи и партијата Движење Беса.

Касами дополнително нагласи дека истиот братучед дал донации за Општина Тетово и дека не добил никакви тендери или договори од општината во замена за овој придонес.


Слично

Поврзани вести