Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАСАМИ ЌЕ „ТРЧА“ ВО ШЕСТКАТА: БЕСА ги избра кандидатите за пратеници

КАСАМИ ЌЕ „ТРЧА“ ВО ШЕСТКАТА: БЕСА ги избра кандидатите за пратеници

Партиите привршуваат со изборот на кандидати за пратеници.

Доцна синоќа преку социјалните мрежи и движењето БЕСА ги откри имињата на кандидатите со кои ќе се трка на претстојните парламентарни избори во април.

Од таа партија која одржа Централно собрание во Тетово велат дека е изгласан списокот на кандидати за пратеници во изборни единици.

Имено, со најмногу кандидати БЕСА на изборите ќе трча во шестата изборна единица каде што е и Билал Касами. Покрај него се и  Фадил Зендели, Хатије Етеми ,Абдуш Демири, Фатлинда Јаја, Фатмир Сабриу, Флори Синани, Исеин Ајдари и Аднан Азизи.

Во ќецот ќе трчаат двајца од БЕСА а тоа се  Кастриот Реџепи и Јонуз Фејзулах. Со исто толку ќе настапат и во двојката каде кандидати ќе бидат Бастри Бајрами и Шенаси Геладини.

Во петата изборна единица БЕСА оди со кандидатка Мелинда Рашиди.

Слично

Поврзани вести