Економија, финансии, бизнис

Контакт

Касами ќе бара сојузник во Зијадин Села

Касами ќе бара сојузник во Зијадин Села

Биљал Касами, претседателот на движењето БЕСА, посочи дека денеска треба да разговара со Зијадин Села, предводникот на Алијансата за Албанците, за можна коалиција и соработка во вториот круг на локалните избори таму каде има простор за заемна поддршка. 

„Ќе го побарам Села за да разговараме за можноста за соработка во вториот круг за да ги максимизираме резултатите“, посочи Касами по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Скопје.

За БЕСА долг период се шпекулираше дека ќе соработува со ВМРО-ДПМНЕ во клучните општини како Чаир, Тетово, Гостивар и останатите за да го победи ДУИ, но ваквата коалиција не е позитивно прифатена од членствата на двете партии кои долго време беа силно спротиставени. 

Таква коалиција никогаш јавно не беше потврдена, но со оглед на слабите резултати на ВМРО-ДПМНЕ тешко и дека ќе се реализира на било каков начин, јавен или прикриен во вториот круг бидејќи Груевски веќе нема што да добие, на пример битката за град Скопје заврши уште на 15 октомври. 

Слично

Поврзани вести