Економија, финансии, бизнис

Контакт

Касами го пречека Курти и пак напиша дека Тетово е главен град на Албанците во Македонија

Касами го пречека Курти и пак напиша дека Тетово е главен град на Албанците во Македонија

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами го претстави македонскиот град со кој раководи како „албански главен град во Северна Македонија“ и во својата објава на Фејсбук за средбата со косовскиот премиер Албин Курти.

„Драг пријателе Албин, добредојдовте во Тетово, албанскиот главен град на Северна Македонија!“, го повтори Касами истото тоа што го напиша и при посетата на Тетово на делегацијата од градоначалници Албанци од Косово и од Србија (Бујановац) пред три недели.

Тогаш имаше осуди од јавноста, по што Касами тврдеше дека не напишал главен град, туку центар на Албанците и дека некој тоа го злоупотребува. Тогаш од македонските партии му реагираа на Касами и го посетија дека прима плата од сите граѓани на Тетово, но и дека стана градоначалник со помош на гласовите на Македонците.

фото: Принтскрин

Слично

Поврзани вести