Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАСАМИ ГО НАКИТИ ТЕТОВО СО БИЛБОРД: Долгот на општината наследен од Арифи осамна низ градот

КАСАМИ ГО НАКИТИ ТЕТОВО СО БИЛБОРД: Долгот на општината наследен од Арифи осамна низ градот

24.018.222 евра. Билоборд со оваа сума е поставен во Тетово. Го вети и го намести актуелниот градоначалник Билал Касами, а бројките се долгот кој општината го имаше кога тој го презел управувањето од поранешната градоначалничка Теута Арифи. 

Новиот градоначалник Касами, неодамна соопшти дека вкупниот долг на Општина Тетово е над 24 милиони евра.

Како што соопшти тој, општина Тетово должи 14 милиони евра, Јавното комунално претпријатие 9,7 милиони евра, ЈП Градски паркинг 187.000 евра или вкупниот долг е 24 милиони евра.

Фото: Газета експрес

Слично

Поврзани вести