Касами го исклучи пратеникот Кастриот Реџепи од партијата
Претседателот на БЕСА, Билал Касами на својот Фејсбук профил истакна дека го исклучува пратеникот Кастриот Реџепи од партијата.
Касами додава дека оваа одлука стапува на сила веднаш.
„Кастриот Реџепи не се појави во Собранието, за да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата и сериозно го наруши престижот на партијата. Движењето БЕСА, односно јас како лидер на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето БЕСА, го исклучувам горенаведениот член од сите партиски функции и член на Движењето БЕСА“, пишува Касами.Реџепи вчера цел ден бил кај пријател. Него сопартијците го пријавија за исчезнат.
Вчера воопшто немаше гласање за недоверба на Владата, поради немање кворум. Целиот ден беше тензичен.
Слично
