Касами го игнорира Ахмети, средбата почна без Беса
Средбата на албанскиот блок кој преговара за влада со СДСМ почна но без присуство на една партија.
Лидерот на движењето БЕСА Билал Касами го игнорира Ахмети и не седнува на иста маса со него, а како што соопштија во јавноста тие не добиле ниту официјална покана за средбата.
Зијадин Села лидерот на Алијансата на Албанците и Ахмети лидерот на ДУИ сами ја почнаа средбата од која што се очекува исходот да биде став на албанските партии за формирањето на Влада.
Тема на која ќе се разговара на оваа средба најверојатно е дали и под кој услов ќе прифатат коалиција со опозицијата и формирање на нов владин кабинет.
Видео: а1он, Фото: Вечер
Слично
