Касами ги прекина сите проекти што ги почнала Арифи
Новиот градоначалник на Тетово, Билал Касами ги прекина сите проекти во градот што ги почнала неговата претходничка Теута Арифи.
Општина Тетово попладнево соопшти дека се прекинати сите инфраструктурни проекти, патишта, канализациона мрежа, водоводна инфраструктура и друго, кои ги започнала Арифи.
„Онаму каде што ќе се забележат неправилности, ќе се преземаат соодветни мерки согласно законот, а таму каде работите се одвиваат според законот, работите ќе продолжат“, велат од локалната самоуправа.
Од Општина Тетово додаваат дека сега е потребно да се разгледа целата тендерска документација и се што е сработеното од страна на изведувачите на терен.
Касами деновиве изјави дека треба да го среди отпадот во Тетово.
Слично
