Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Билал Касами oд БЕСА му врати на лидерот на ДУИ,  Али Ахмети за ,,нокаутот”. 

Касами ова го изјави во интервју за Еуроњуз Албанија.

„Али Ахмети е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува и со заканувачки и навредливи зборови го плаши албанскиот народ. Но, на 8 мај ќе го добие одговорот и конечно ќе добие технички нокаут од албанските гласачи кои ги осиромашува и раселува 20 години“, изјави Касами.

Касами ја коментираше изјавата на Ахмети дека ,,треба да го фрли белиот пешкир на рингот зашто на 8 мај ќе доживеел нокаут”.

Од Вреди и ДУИ додека трае кампањата си размненија повеќе навреди. 

фото Фејсбук/Билал Касами

Слично

Поврзани вести