Економија, финансии, бизнис

Контакт

Касами: Албанците се уште не се рамноправни со Македонците

Касами: Албанците се уште не се рамноправни со Македонците

Претседателот на движењето Беса, Билал Касами, за Ора Њус тврди дека Албанците се уште не се рамноправни со Македонците, дури и по прифаќањето на дел од измените на уставните амандмани пред гласањето со двотретинско мнозинство во Собранието.

Тој рече дека албанското прашање во Македонија сè уште не е затворено, и нема да се затвори сѐ додека Албанците не се рамноправни со Македонците. 

- Албанското прашање во Македонија и понатаму останува отворено и покрај фактот што некои албански партии во владата за да ги бранат своите позиции го прогласија албанското прашање за затворено. Ова се обидоа да го кажат и од Вашингтон, но ние успеавме да постигнеме договор со владата за ова прашање да остане отворено и понатаму да се решава - изјави Касами.

Додава дека другите политички партии го релативиирале ова прашање во име на членството во НАТО, но Беса тоа јасно го истакнала во САД.

-. Веднаш по нашата посета на Стејт департментот, каде што ја изразивме нашата загриженост дека албанското прашање во Македонија не треба да се затвори бидејќи Албанците не се рамноправни со Македонците. Албанците овде се третираат како малцинство, иако се најважниот дел од македонската држава, после Македонците ние сме мнозинство во Македонија и како такви ги бараме нашите права да бидеме третирани како уставотворен народ и народ кој е основач на оваа држава владини претставници од ДУИ изјавија дека со половичното решение на прашањето за албанскиот јазик албанското прашање повеќе не постои. Се додека албанскиот јазик не влезе во Уставот, како еднаков на македонскиот јазик, се додека Албанците не се споменуваат во Уставот на Македонија како рамноправни граѓани и како државотворен народ на Македонија, албанското прашање ќе продолжи да биде отворено. Ова го прифати и премиерот Зоран Заев во документот потпишан со Движењето Беса - рече Касами.


Слично

Поврзани вести