Каруселот од „Скопје 2014“ демонтиран и однесен во Аеродром
Каруселот што неколку години вртеше на плоштадот „Македонија“,веднаш до Камениот мост, се пресели во општината Аеродром, во паркот кај авионот, со образложение дека пречел на минувачите во овој прометен дел од Скопје.
Во проектот Скопје 2014 беше поставена уште една вртелешка, на плоштадот пред црквата „Света Богородица“. Таа воопшто не проработе, заради проблеми со приклучоците за струја.
За двата карусели, наменски изработени во барок стил, предходната власт плати над 340.000 евра.
Слично
