Карпош има нов заслужен граѓанин
На вчерашната седница, покрај носењето на буџетот за 2019-та, општина Карпош го прогласи Бранко Огњановски, популарниот „Миле Паника“ од К-15 и водител на „Фчерашни“, за заслужен граѓанин.
Предлогот беше на градоначалникот на локалната самоуправа Стефан Богоев, а како што се објаснува во соопштението на веб-страницата, станува збор за долгогодшен граѓанин на Карпош и еден од најафирмираните сатиричари во Македонија.
Советниците дадоа поддршка на предлогот за гласање, а признанието се однесува за годината 2019-та.

Слично
