Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАРОЛИНА РИСТОВА-АСТЕРУД: Мојата „илинденска желба“ од 2023 година се остварува!

КАРОЛИНА РИСТОВА-АСТЕРУД: Мојата „илинденска желба“ од 2023 година се остварува!

Професорката Каролина Ристова-Астеруд на социјалните мрежи напиша дека конечно нејзината  „илинденска желба“ од 2023 година се остварува. 

Таа ја пофали работата на Министерството за внатрешни работи(МВР). 

„Конечноооооо! Мојата „илинденска желба“ од 2023 година се остварува! (видете потсетување подолу во коментари).  За ОВА сегашната МВР-екипа и Владата заслужуваат најголеми пофалби и признание за добро поставен и добро сработен приоритет! Само така и натаму, насекаде низ Македонија, во служба на граѓанството!“, напишаа таа на Фејсбук. 


Ја сподели и веста на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во која се цели дека целосно се реновирани управните служби во Скопје, а граѓаните ќе добиваат брзи и ефикасни услуги какви што заслужуваат.

Уште во 2023 година напишала дека посакува во земјава да се вади пасош како што доликува и условите во институцијата да бидат подобрени. 

Слично

Поврзани вести