Караван од автобуси од Македонија ќе тргне на митингот на Ердоган
Во Македонија владее голем интерес за посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Босна и Херцеговина, најавена за 20 мај во Сараево, објави турската новинска агенција Анадолија, што треба да претставува митинг пред парламентарните избори во таа земја.
„Нашите граѓани во Македонија веќе резервираа места, така што оттука ќе имаме речиси 50 полни автобуси. Сакам да нагласам дека од 2.000 резервации, околу 90 отсто се на нашите браќа и пријатели од Македонија. Aко даде Бог, на 19 мај во вечерните часови сите заедно ќе тргнеме кон Сараево“, изјавил Салих Утас, претседател на Унијатa на европски турски демократи (УЕТД) во Македонија.
Утас изјавил дека многу Турци кои живеат во Македонија се среќни поради претстојната посета на Ердоган, и дека во седиштето на УЕТД примиле бројни телефонски повици поврзани за оваа посета.
