Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАРАНТИН: Забрането движење од недела од 11 до вторник до 5 наутро

КАРАНТИН: Забрането движење од недела од 11 до вторник до 5 наутро

Владата донесе одлука за карантинот за празникот. 

„Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд. Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05:00 часот. Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро“, информираат од Владата. 

Граѓаните од муслиманска вероисповед ќе го слават Курбан Бајрам. 

На 24 мај се слави и денот на сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј. 
Слично

Поврзани вести