Економија, финансии, бизнис

Контакт

Караманлис: Непотребно брзање со Преспанскиот договор, Грција е губитник

Караманлис: Непотребно брзање со Преспанскиот договор, Грција е губитник

Костас Караманлис, поранешниот грчки премиер, во писмо до атинската новинска агенција објави дека непотребно се брза со ратификувањето на Преспанскиот договор во грчкиот парламент и дека Грција ќе биде губитник од исходот.

- Како што веќе напоменав, госпоѓа (Дора) Бакојани точно ја опиша политиката на тогашната влада, која доведе до одлука на Самитот на НАТО во Букурешт. Решението понуди мошне ефективна преговарачка предност за нашата земја, која за жал не се користеше како што треба во изминатиот период - вели Караманлис.

Тој ја оправдува критиката на опозициската Нова Демократија на Преспанскиот договор, пред неговата очекувана ратификација денеска во грчкиот парламент, со тврдење дека е принципиелна и добро документирана. 

„Особено кога преговорите течат во услови на непотребно брзање и кога, очигледно, другите се оние кои повикуваат да се реши ова прашање, но не секако и Грција. На крај, Владата треба да ка почитува сензитивноста на моментот и да ги послуша легитимните интереси на огромното мнозинство на граѓани и да се раководи според основниот национален консензус. Не е дозволено националните прашања од ваква голема важност да доведат до клима на политички поделби", додава Караманлис.



Слично

Поврзани вести