Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракамишева тврди дека домот и бил ограбен и испревртен

Каракамишева тврди дека домот и бил ограбен и испревртен

Професорката Татјана Каракамишева од Правниот факултет и еден од сурогатите со најголема медиумска поддршка на претходната влада, на Фејсбук профилот се пожали дека за време на Божиќ во нејзиниот дом некој упаднал, извршил грабеж и ја превртил целата покуќнина што е јасен вандаски чин.

„На најголемиот Христијански празник, Божиќ умоболни типови влегле во нашата семејна куќа и се ничкосале. Испревртиле се наопачки, распослале се по земја како што нивната умоболна душа е извртена и распослана по Ѓаволските патеки.

Со крадење од нашите деца сакаат да видат раат и убав живот. Ама тоа не оди така забегани отпадници. Можеби денес ви дојдоа вашите пет минути ЖИВОТ кој ви го дава оваа власт, бидејќи власта ве штити и амнестира, ама Господ е еден и голем и ќе ви наплати за сите сторени гревови“ пишува Каракамишева.

Професорката исто така негодува што екипите на крим техника за празниците имале ограничен персонал за време на празниците.

„И да биде трагедијата поголема вчера дознав дека во град Скопје има САМО ДВЕ КРИМ УВИДНИ ЕКИПИ, една што работи 12 часа составена од ДВАЈЦА крим техничари и втората другите 12 часа!

Каква мизерија и беда. Во главниот град на државата САМО 4 ЛИЦА СЕ ЗАДОЛЖЕНИ ДА СЕ СПРАВУВААТ СО СИТЕ КРАЖБИ, ПОЖАРИ и други неволји што ги снаоѓаат луѓето. Министерот Оливер очигледно мува не го лази што апашите царуваат, што налудничавите станаа главни фаци во градот. Нивниот живот треба да го трпиме сите ние семејни луѓе и да стравуваме за животот на нашите најмили“ тврди Каракамишева.


Слично

Поврзани вести