Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракамишева: Станавме зомби народ благодарение на политичари што ја “водат“ државата

Каракамишева: Станавме зомби народ благодарение на политичари што ја “водат“ државата

Универзитетската професорка, Тања Каракамишева на својот Фејсбук профил напиша мислење за моменталната ситуација во државата и влијанието и притисокот на странските фактори во состојбата на земјата. 

„Не случајно велам дека во Македонија на сцена е голема дефакторизација на македонскиот народ! Процесот се одвива неколку години наназад, но се чини вистинскиот пик ќе се случи токму оваа година.Се развласти претходната влада под притисок на странски фактор, се натури нова влада под притисок на странски фактор, се девалвира правниот и политичкиот систем до степен на патос, судството и јавното обвинителство станаа вазали на партиите на власт и странскиот фактор, криминалци се наградуваат за сторениот криминал, а обичниот народ плаќа долгови направени од мафијата, економијата е под нулата, инвестиции нема, се затвораат фабрики, одат во стечај фирми, работниците се испуштаат на улици без никаква отпремнина, се рушат споменици, се бришат историски факти, се укинува се што претходната власт го има направено“, стои во статусот на Каракамишева  

Каракамишева во својот статус остро ја критикува владејачката гарнитура и дејствувањето на институциите  а медиумите вели дека се кули кои имаат тон само кога Заев и Али ќе проценат дека дека е добро да имаат

„Медиумите се навиени кукли кои имаат тон само кога Заев и Али ќе проценат дека е добро да имаат, владини чиновници протестираат сами против себе, МВР стана криминално дувло министерот не му чуе, Царовска се прави недоветна во однос на наталожените проблеми во труд и социјална политика, сексуално се малтретираат деца згрижени од државата Царовска зомбирано дреме, станавме зомби народ кој секој како сака и умее го работи како бавча благодарение на тотално пролупаните политичари што ја “водат“ државата! “ , пишува Каракамишева



Слично

Поврзани вести