Kaракамишева со повик до четири европски земји да не дадат датум за преговори
Професорката Татјана Каракамишева, на својот Фејсбук профил објави текст со кој повикува четири европски земји да ни помогнат со тоа што Македонија нема да добие датум за преговори.
Таа ги посочува Франција, Германија, Данска и Холандија и бара да не дозволат добивање датум за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија.
Ова го бара затоа што во тој случај Владата на премиерот Зоран Заев ќе мора да си даде оставка.
„Франција, Германија, Данска и Холандија останете истрајни во одлуката, помогнете ни!
Човеков МОРА да го врати мандатот, човеков, како и оваа влада МОРА ДА ПАДНАТ!
По сите доживеани неправди МОРА да си ја вратиме татковината ВО НАШИ РАЦЕ!
НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!, пишува Каракамишева.
Заев деновиве изјави дека ако нема датум, можен е пад на Владата, односно ќе се оди на избори.

