Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАРАКАМИШЕВА СЕ ПОФАЛИ: „Моите планови за следната година се уште поамбициозни“

КАРАКАМИШЕВА СЕ ПОФАЛИ: „Моите планови за следната година се уште поамбициозни“

Професорката Тања Каракамишева, на својот фејсбук профил објави дека годинава што изминува била доста успешна за неа, но најави и дека следната ќе и биде уште подобра.

„Привршува уште една успешна година за мене.

Со моите драги колеги од Катедрата по Уставно право и политички систем издадовме многу важен учебник, Уставно процесно право, прв учебник од ваков вид во регионот.

Објавени ми се 8 научни труда во меѓународни и национални списанија, напишани се 2 посебни глави за странски публикации, учествував на 6 меѓународни конференции, неколку домашни конференции, бев визитинг професор во Централната Европска Академија и уште многу тековни обврски...

Моите планови за следната година се уште поамбициозни од оваа година и веќе се наредени во планерот на активности.

Следува многу напорна работа!

Најдоброто допрва доаѓа“ напиша таа.



Слично

Поврзани вести