Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракамишева: Не бев консултирана за Ковачки

Каракамишева: Не бев консултирана за Ковачки

Татјана Каракамишева, професорката по уставно право објави дека не била консултирана за предлогот Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи во преодната Влада која ќе ги организира параментарните избори.

„Да му појаснам на дерково, никој не ме консултирал за прашањето така што нема скандал. Кога јас зборувам за примената на Уставот не се кријам, туку сум гласна“, гласеше реакцијата на професорката кон активистот Џабир Дерала кој ја искритикува дека не го предвидела фактот што Ковачки не може да ја превземе функцијата поради, како што вели тој, според Уставот, не смее воено лице да обавува должности на цивилно лице.

Претходно и Гордана Силјановска Давкова, инаку стручен соработник за политички систем во тимот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за медиумите рече дека не била консултирана за предлогот.

Слично

Поврзани вести