Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАРАКАМИШЕВА НА МОТОР ПОМИНА ЕДЕН МИЛИОН КИЛОМЕТРИ: Еве каде шеташе низ светот

КАРАКАМИШЕВА НА МОТОР ПОМИНА ЕДЕН МИЛИОН КИЛОМЕТРИ: Еве каде шеташе низ светот

Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи објави дека со нејзиниот сопруг поминала над еден милион километри на мотор.
„14-та мототура по ред успешно завршена.

Поминати вкупно над 1 милион километри, извозени 44 европски држави од Нордкап-Норвешка на север до Малта и Кипар на југ, од Русија и Украина на исток до Кабо де Рока во Португалија на запад.

Извозени сите острови на Медитеранот, сите метрополи, бројни монденски и романтични места, планини и планински превои како Мандриоли, Стелвио, Трансфагарашн, Монтблан...буквално се што вреди во Европа е видено.

Останаа уште Исланд, Фарски острови, Молдавија и здравје да фатиме накај Латинска Америка. 

Моторот е нашиот живот, нашата енергија и адреналинско засолниште.

Моторот не е само возило, тој е слобода на духот и телото, тој е начин на живот.

Моторот е инспирација за постојано движење, откривање нови хоризонти и нови приказни“, објави таа.



Слично

Поврзани вести