Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракамишева му одговори на Борисов кој бара Македонците да созреат

Каракамишева му одговори на Борисов кој бара Македонците да созреат

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов во Брисел изјави дека Македонците мора да созреат за да добијат датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

„Тие имаат многу нешта да поправат. Да не ме разберете погрешно, но додека се спори дали Гоце Делчев е Бугарин или Македонец – такви ситни приказни за некои херои кои очигледно биле и за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, а нашите најдобри песни се поврзани со нив. И опозицијата постојано да ме прашува што прави комисијата. Нека зреат“, рече Борисов, пренесува БГНЕС.

Професорката Тања Каракамишева реагира на пораката од бугарскиот премиер Борисов од Брисел дека Македонците мора да созреат за да добијат датум за почеток на преговори со Европска унија.

„Бојко Борисов се спрдачи со цел македонски народ, вели ‘НЕКА ЗРЕАТ’, демек тикви или лубеници сме, па да зрееме и нема никаков коментар од Владата, никој да зуцне, да муцне од завидлизам…. Аман те, бре, што сторивте? До кое дупло дно се доведовте?“, прашува на Фејсбук професорката. 

Од Бугарија во последно време стигнуваат провокативни изјави за ликот и делото на Гоце Делчев. 

Слично

Поврзани вести