Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каракамишева: Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има соработка со науката

Каракамишева: Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има соработка со науката

Драго ми е што се наоѓам и јас меѓу истакнатите министри и градоначалници. Науката е секогаш тука, секогаш кога е потребно да се дадат одредени насоки за тоа како да се развива државата, но морам да забележам дека кога на власт е ВМРО-ДПМНЕ, имаме многу поголема синергија и соработка за разлика од кога на власт се другите политички партии, рече професорката Тања Каракамишева на политичкиот саем на ВМРО-ДПМНЕ.

„Науката е таа која можеби има многу поголема теоретска поткованост за тоа што е потребно за државата, со цел тие теоретски модели да најдат своја практична примена во рамките на локалната и централната власт. Многу е важно, бидејќи стандардите кои што се проучуваат во рамките на науката не можат да бидат реализирани ако немаме соработка со властите и затоа теоријата и праксата се процес на нужна соработка. За разлика од претходните власти, кога немавме никаква соработка, сега имаме голем процес на раздвижување на активностите врзани со Министерството за образование. За првпат после многу време, МОН даде средства за финансирање на научни проекти и тоа мора да се поздрави. Ќе речете тоа е дел од ресорот, но досега немаше никакви чекори во таа насока“, рече Каракамишева.

Таа кажа дека освен со МОН, имаат соработка со сите министерства.

„Би сакала да укажам на неколку работи. Проектите се важни. Секако, финансиските средства се важни за да профункционираат работите на терен. Централната власт треба да дава пари, но треба да се јакнат општините од внатре, со цел да може да бидат самоодржливи и самостојно да аплицираат за грантови, европски фондови и на тој начин да го зајакнуваат својот институционален, системски капацитет. За тоа да се постигне, мора да се работи на системските капацитети на општините“, посочи Каракамишева. 


Слично

Поврзани вести