Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАРАКАМИШЕВА ДО СДСМ: Да си ставите крст на "животот" во кој се колневте дека ќе ни го донесете ако го изгласате законот за јазици

КАРАКАМИШЕВА ДО СДСМ: Да си ставите крст на "животот" во кој се колневте дека ќе ни го донесете ако го изгласате законот за јазици

Професорката Тања Каракамишева позната по поддршката која им ја даваше на функционерите од претходната владеачка гарнитура на социјалните мрежи се огласи по повод последните медиумски негодувања дека мнозинството ќе го испочитува рокот на собранискиот претседател Талат Џафери за Законот за јазиците и доколку нема договор за него со опозицијата, ќе го гласа онака како што Џафери ќе го предложи, макар и без амандманска расправа.

Таа преку пост на Фејсбук им се обрати на пратениците од СДСМ, прашувајќи ги што им е навистина важно.

„Ако навистина излезат вистинити пишувањата дека сте потклекнале пред ДУИ да се донесе неуставниот закон за јазици без амандманска расправа, и дека сте прифатиле само да се гласа законот во истата форма како што беше донесен и претходно, тогаш поарно за сите вас топтан како пратеничка група да си ставите крст на демократијата во која се колневте кога ги шлакавте институциите и спомениците во градот, да си ставите крст на "животот" во кој се колневте дека ќе ни го донесете, да си ставите крст на владеењето на правото, бидејќи вие бре сите до еден сте биле тешки манипулатори, тешки преваранти, ништожници, калкуланти и гробари на сопствената држава.

Вие бре не заслужувате да одите по тлото на нашата земја, не ја заслужувате Македонија, затоа што ја предадовте за една обична власт!“, пишува Каракамишева во фејсбук објавата која целосно може да ја прочитате подолу.


Слично

Поврзани вести